Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, а сега нуди Мини Шенген Македонија. Мини Шенген не може и не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија. Македонија припаѓа на широкото европско семејство на држави и ваквите обиди на Заев да прикаже една мултилатерална соработка на балканските држави како огромен дипломатски успех е всушност дипломатски неуспех да се постигне целта членство во ЕУ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека освен неуспесите на домашен план, власта на Заев се соочува со пораз и на меѓународен план. Четири години безочно ги лажеше граѓаните за македонските евроинтеграции, бараше алиби и виновници во други, за сега да заврши во Мини Шенген.

Македонија стана заложник на криминалот и корупцијата на Заев и неговата неодговорна политика и се дури е Заев власт, Македонија нема европска иднина. Четири години власт на Заев се четири украдени и упропастени години за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.