logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да изградат нови, СДСМ се фали со градинките направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 23.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да изградат нови, СДСМ се фали со градинките направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Играње со чувствата на децата и родителите! Навистина се смешни тврдењата на пратеничката Тасевска дека СДСМ работи посветено на детската заштита.

Во случај на пандемија од Ковид не ги заштитија работничките со продолжување на породилното отсуство, не успеаа да го организираат процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца, стои во Фејсбук статусот на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ.

– Се фалат со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаа на време ниту да ги довршат ниту пак да ги отворат. За помалку од 8 години ВМРО ДПМНЕ изгради 70-градинки низ цела Македонија. Места нема во градинките до септермври, а родителите плаќaат само за да го „сочуваат“ местото кое не го користат. Системот на детска заштита не функционира, а се фалат со промоција на „европските“ вредности од предучилишна возраст и основното училиште. Каква циркусијада и бламирање со чуствата на родителите и децата. Треба да се засрамите! Кога реално ќе ги решавате проблемите на граѓаните излезете да држите пресови, повеќе нема ниту да ве коментираме! Комисија за труд и социјална политика,демографија и родови прашања при ВМРО-ДПМНЕ, пишува во Фејсбук објавата.

 

Играње со чувствата на децата и родителите! Навистина се смешни тврдењата на пратеничката Тасевска дека СДСМ работи...

Posted by Комисија за труд и социјална политика на ВМРО - ДПМНЕ on Friday, April 23, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk