ВМРО-ДПМНЕ на самитот во Будимпешта стана полноправна членка на ЦДИ

ВМРО-ДПМНЕ денес на самитот во Будимпешта стана полноправна членка на Центристичката демократска интернационала која е светска организација на десни политички партии. Ова е значајно меѓународно признание и успех на партијата на кој што макотрпно работевме изминативе два месеци, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По членството во европската народна партија (ЕПП) каде ВМРО-ДПМНЕ е членка, партијата стана член и во Центристичката демократска интернационала каде членуваат партии од Европската народна партија, но и други десничарски партии од другите делови на светот. Тоа е организација на влијателни политичари на светско ниво, и според Мицкоски, е огромна шанса за стекнување на многу нови пријателства за ВМРО-ДПМНЕ и за заштита на државните и националните интереси на Република Македонија.

Ова е организација каде претседател на ЦДИ е Андрес Пастарана-поранешен претседател на Колумбија, генерален секретар е Антонио Лопез Истуриз кој истата функција ја извршува и во Европската народна партија, потпретседатели се: Маријано Рахој-премиерот на Шпанија, Виктор Орбан- премиерот на Унгарија, Марио Давид од Португалија, додека почесни претседатели се Хозе Марија Азнар-поранешен премиер на Шпанија и Пиер Фернинандо Касани поранешен претседател на парламентот на Италија. Ова е друштво и во кој се Јанез Јанша како и Жозеф Дол, претседателот на ЕНП е претседател за Европа на ЦДИ.

Во моментот се одвива самитот на ЦДИ во Будимпешта каде присуствува потпретседателот Александар Николоски кој имаше излагање во однос на членството и кандидатурата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа организација.

„ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите во меѓународниот свет со дипломатски чекори, разумни и принципиелни позиции и ставови и секогаш водејќи сметка за националните и државните позиции. Ова е доказ дека Република Македонија има пријатели, и дека се можни меѓународни успеси, со зачувано достоинство, и со силна визија за развој на нашата држава. Приемот во организацијата е и заслуга за сите наши меѓународни пријатели. Членството во ИДС ќе биде искористено за зголемено влијание на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, и лобирање за државните интереси членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата“, вели Мицкоски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари