logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Мотото на Заев и Филипче провизии пред вакцини, доведе до 4.108 починати од корона

Vecer | 09.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Мотото на Заев и Филипче провизии пред вакцини, доведе до 4.108 починати од корона

Стотина лица починаа за само два дена.

Стотина семејства се завиени во црно.

Сето ова немаше да се случи доколку власта предводена од Заев и Филипче имаше барем малку, трошка разум.

Но, зошто разум кога станува збор за здравјето на граѓаните?!

Зошто Заев и Филипче би се грижеле за тоа, кога може да се грижат за тоа дали има доволно забава за нив, дали има доволно провизии од тендерите и набавките?

Ним поважни им се сите овие работи од здравјето на граѓаните.

Ним им е поважно дали има мотор или хеликоптер за да се провозат, од тоа дали има вакцини и дали населението ќе стекне имунитет.

Нивното мото е провизии пред вакцини!

Бројката на починати е 4.108, а Заев и Филипче се директно виновни за тоа. Заев и Филипче се директно виновни за хаосот во државава.

Затоа мора оставки! Затоа мора Филипче и Заев да заминат од функции!

Филипче и Заев ќе одговараат!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk