logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Meѓу владините хонорарци се синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ

Vecer | 12.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Meѓу владините хонорарци се синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ


Во Македонија додека граѓаните преживуваат од ден за ден, власта своите партиски војници дебело ги наградува со хонорари, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата попладнево ја објави листата со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани за нејзините потреби.

„Меѓу хонорарците кои земале народни пари во енормни суми се бројни членови и симпатизери на СДСМ, Петрит Сарачини, Марко Михаилоски претседател на СДММ, Јана Велковска сестра на Фаница Николовска пратеничка од Тетово, Дамир Ибраимоски син на Самка Ибраимоски. На листата може да се види и името на Ванчо Узунов кој бил поранешен потпретседател на СДСМ“, стои во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за хонорари од 2019 до 2020 година, власта исплатила над еден милион евра.

Според опозициската партија, под закрила на Владата биле 58 хонорарци, од кои денес се објавени 55.

„Токму овие хонорарци за еден напишан статус, или пак погрешно наместено знаме земале по 30, 40, 50 илјади денари. Од имињата на објавените списоци, јасна е намерата зошто власта калкулираше со денови кога да ги објави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека додека државата осиромашува и згаснале над 4.000 компании, партиски војници на власта земале хонорари до 1.000 евра.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk