ВМРО-ДПМНЕ: Медиумски театар беше гласањето за мандатот на Груевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека она што се случува деновиве со експремиерот, Никола Груевски во Собранието е политички прогон и медиумски театар, организиран од страна на СДСМ.

Арсовски рече дека гласањето било со цел, власта и пратениците од СДСМ да ја дефокусираат од реалните проблеми и случувања во државата.

„Се покажа дека е само еден медиумски циркус за да може неколку дена да ја одолговлечат и дефокусираат темата од реалните проблеми“, додаде Арсовски.

Претходно денеска во Собранието се гласаше за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Собранието не му го одзема мандатот за што беше потребно двотретинско мнозинство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари