logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Лицитацијата со датуми за избори значи лицитација со загубени човечки животи

Vecer | 12.05.2020

ВМРО-ДПМНЕ: Лицитацијата со датуми за избори значи лицитација со загубени човечки животи

„Во исто време кога Заев лицитираше со датуми за избори фрлени од ракав, кажа дека здравјето на граѓаните е најважно. Лицитирањето со датуми значи лицитирање со изгубени човечки животи поради коронавирусот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев е неискрен и сака по цена на здравјето на граѓаните да има избори по секоја цена затоа што така се надева и бори за помал пораз.

„Ниту една од работите која ја соопшти во изјавата нема правна издржаност и си ги толкува работите погрешно од аспект како што него му одговара. Со што Заев покажа дека се однесува незрело и несериозно. Единствено позитивно е што се прифати планот на Мицкоски во 4 точки со кој се гарантира заштита на здравјето на граѓаните“, се вели во реакцијата.

извор: Makfax

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk