logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата

Vecer | 25.03.2023

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата

Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата. Ковачевски не кажува дали 3 пратеници СДС од 1 и 2 изборна единица кажале дека нема да поддржат вакви уставни измени. Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики.

-Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката.

Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени.

Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk