logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да може да се заканува и да глуми шериф

Vecer | 06.12.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да може да се заканува и да глуми шериф

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение околу реакцијата на Ристо Пенов со која го осуди блокирањето на градот и индиректно застана во одбрана на Данела Арсовска. На оваа тема, со реакција излегоа од ВМРО-ДПМНЕ, а истото може да го прочитате во продолжение:

Ристо Бекатон Пенов се заканува дека ќе трга автобуси од улица само затоа што не може да си го пие кафето на улица „Македонија“ наместо да работи.

Ристо Бекатон Пенов се заканува дека ќе го крши Уставот и ќе го попречи правото на штрајк, само затоа што ја штити Данела Арсовска, коалициониот партнер на дезертерот Ковачевски.

Дезертерот Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да може да се заканува и да глуми шериф за заштита на Арсовска, со која има тајна коалиција.

Ристо Бекатон Пенов се заканува за да може да продолжат матните тендери во Град Скопје кои Арсовска ги договара со Ковачевски.

Ристо Бекатон Пенов е познат по многу работи, и ниту една не е од полза за Скопјани. Тој ќе остане запаметен како градоначалникот кој ја смени коцката на плоштад Македонија и ја замени со босански плочки на лик на бекатон.

Во време на Ристо Бекатон Пенов оставени целосно се руинирани јавните градски претпријатија, каде истите се финансиски руинирани, со стара нефункционална механизација и возен парк, со екстремна превработеност. Поради криминал, неспособност и сомнителни тендери сериозно го оштети Камениот мост, симбол на Скопје. За време на реконструкцијата, поради неквалитетната изработка во летото во 2002 година во водите на Вардар се урна Стражарската кула.

Пенов ќе остане запаметен како градоначалникот во чие време се прави најголемиот грабеж на добрата со кои располагаше Градот, каде целосно се приватизирани Топлификација, Градски Аптеки, ГТЦ со сите дуќани, Скопски пазари.

Покрај асистирање во грабежот на државните и градските добра, во времето кога Пенов е градоначалник нема тендер за кои нема големо сомневање за корупција и криминалните дејствија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk