logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пиунот на Заев кој ниеднаш не се спротивстави на погрешните политики

Vecer | 30.11.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пиунот на Заев кој ниеднаш не се спротивстави на погрешните политики

Јасно е дека Заев во приватната и заробена партија СДСМ си инсталираше свој пиун, наследник, портпарол и продолжувач на погубните политики. Димитар Ковачевски е човек кој беше дел од погубните политики на Заев како заменик министер за финансии. Тој е дел од екипата поради која Македонија се дави во економска, енергетска и здравствена криза. Ниту еднаш не се спротивстави на политиките на Заев поради кои Македонија потона во криминал и корупција. Затоа за Заев Ковачевски е идеалниот наследник кој ќе молчи и ќе ги прикрива криминалите на неговиот ментор. Ковачевски е втората генерација на олигархијата и транзициските политичари. Првата генерација преку приватизацијата грабаа, а овие вторите ја докусурија Македонија. Доста е од транзициските политичари. Граѓаните на избори јасно покажаа дека се против Заев и заевизмот. Народот бара суштински промени. Тие промени ќе дојдат после брзи предвремени избори кога Заев и заевизмот ќе биде испратен во историјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk