logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски е ист како Заев, им го продолжува мандатот на судиите и јавните обвинители за да може непречено да продолжи со криминалот

Vecer | 30.06.2022

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски е ист како Заев, им го продолжува мандатот на судиите и јавните обвинители за да може непречено да продолжи со криминалот

Власта на СДСМ и ДУИ целосно го партизираат правосудството и преку измени на Законот за работни односи сака да им го продолжи мандатот на своите политички извршители.

Впрочем, насилното и недолично однесување на пратениците од владејачкото мнозинство на комисијата за европски прашања, ставањето на европско знаменеце на законот, недозволување на пратениците од опозицијата да дискутираат, е само уште една потврда дека владата на СДСМ и ДУИ им го продолжува мандатот на судиите и јавните обвинители за да може непречено да продолжат со криминалот како и до сега.

Ковачевски сака целосна контрола врз судството и јавното обвинителство.

СДСМ и ДУИ се  на страната на криминалот и корупцијата, и токму поради тоа им го продолжува мандатот на партиските војници во судските органи.

Ковачевски е ист како неговиот шеф Заев, и сака на насилен начин да го продолжи мандатот на судиите и обвинителите кои до вчера носеа пресуди во корист на власта, занемарувајќи ја вистината изнесена преку материјални докази и факти.

Јавноста е сведок дека до сега нема ниту една правна разрешница за криминалот на високите владини и партиски функционери на СДСМ и ДУИ.

Токму поради ова е ниската доверба од 8 проценти од страна на граѓаните во правосудниот систем во државата.

Судството и јавното обвинителство се под партиска капа и идеолошка контола на владата на СДСМ.

Ова е е најфлагрантното и најбруталното кршење на демократските процеси, а владата директно го урива уставниот поредок преку мешање на извршната во судската власт.

Потребни се промени.

Единствен излез од ваквата состојба се предвремени парламентарни избори., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk