logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДСМ веќе ја признаа аферата Броило

Vecer | 03.10.2022

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДСМ веќе ја признаа аферата Броило

Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДС веќе ја признаа аферата Броило. Фирмата на која основач е Ковачевски, Пиксел груп, е во центарот на соларниот картел кој свртел 26 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата на кумот на Ковачевски само од државни тендери добила скоро 2 милиони евра откако е СДС на власт, а во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, истата склучува договор од над 2 милиони евра со ЕВН. И сето ова се случува додека народот плаќа поскапи сметки за струја, фирмите имаат 5 пати поголеми давачки за електрична енергија, а стотина се затвораат секој месец. Лицемерието на СДС е огромно. Додека народ пати, тие вртат милиони. Ковачевски да не бега, да признае и да си поднесе оставка, велат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk