ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за законот за јазиците

Пратениците од опозицијата ќе учествуваат на седницата за законот за употреба на јазиците, која според најавите, треба да биде закажана за утре. Ова го потврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој не сакаше да открие како опозицијата ќе делува, туку единствено порача дека бараат разгледување на амандманите и отворање амандманска расправа. Мицкоски истакна и дека во минатото партијата повикувала за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Македонија.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари