logo
logo
logo

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави до власта поради непостапување навремено за спречување на пожарот во Кочани“

Vecer | 03.08.2021

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави до власта поради непостапување навремено за спречување на пожарот во Кочани“

Тука сме баш на лице место да се види оваа страотна апокалиптична состојба која што ги стрефи вчера граѓаните на Кочани. И тоа само заради една единствена работа, а тоа е заради неспособноста, некоординираноста на власта и нефункционалноста на институциите, изјави денеска од Кочани портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели дека од партијата се тука да помагаат на граѓаните, а наместо одговори од власта ќе бараат одговорност.

- Денеска сме тука да побараме одговорност, за тоа што вчера наместо да се стиши оваа огнена стихија тука од страна на надлежните на власта, Стојанче Ангелов и сите останати кои што треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави. Стојан Ангелов си глумеше селебрити и се сликаше со пејачи и со други лица од естрадата. Наместо да биде тука со граѓаните. Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канабери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра, рече Арсовски.

Тој додаде дека власта не најде ниту време, ниту пари да ги сервисираат за да не ни се случи ова кое што ни се случи вчера за што сведочи оваа глетка каде што се уште има чад од оние дрва кои што изгореа.

- Како што гледате стигна дури и до куќите и за жал има неколку куќи изгорено. И за жал неколку лица од огнот завршија во болница со изгореници како што можевме да видиме низ медиумите. Бараме одговорност за тоа што немаше хеликоптери вчера да го гасат пожарот. Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век, држава Република Македонија, власт. Немало хеликоптери за граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани, изјави Арсовски.

Тој посочи дека се бара одговорност од власта за се она што требаше да го направи вчера, а не го направи и за жал тоа ги чинеше граѓаните, некои со материјална штета, а некои за малку и со човечки животи.

- И бараме одговорност за тоа што оваа власт секоја една ситуација на непогоди и се што е останато во рамки на нејзина можност да превенира ги изненадува за жал. Како што успеа да ги изненади овој оган, овој пожар на плус 50 степени во Кочани. Така да ние сме тука со сите наши расположливи капацитети во однос на помош на граѓаните во рамки како што реков нашите човечки капацитети. Она што сакам да го потенцирам на крај да завршам пред да говори мојот пријател и сопартиец Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука, изјави тој.

https://youtu.be/ojNy1qIMDpU

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk