logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште двајца потпретседатели, најави Мицкоски

Vecer | 28.01.2022

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште двајца потпретседатели, најави Мицкоски

Бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ. Мицкоски кажа дека ќе се прошири и составот на Извршниот комитет. -Ние сме сега во фаза на внатрешно реорганизирање на партијата. В понеделник имаме Централен комитет (ЦК), ќе излезам пред членовите на ЦК со новиот состав на Извршниот комитет. Ќе има проширување, ќе има и нови луѓе. Ќе бидат некаде околу 28-29 луѓе. Ќе има проширување и во делот на потпретседателите, од двајца ќе бидат четворица. Така што, ценам дека ќе има еден навистина сериозен државнички капацитет кој ќе биде алтернатива заедно со тимот на стратешки соработници, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk