logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот со насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчовска крие насилство

Vecer | 25.11.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот со насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчовска крие насилство

Тренчовска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат брутално насилство врз бебиња. Јована Тренчовска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчовска крие насилство и не пријавува во Полиција.

- Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет. И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчовска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчовска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk