logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата СО ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ

Vecer | 03.02.2023

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата СО ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27ми април 2017та година, соопшти координаторот Никола Мицевски.

Тој вели дека овој Предлог на закон го поднесуваат и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

- Многу важно е да се напомене дека овој Предлог на закон е само продолжение на претходниот Закон за амнестија кој е донесен во декември 2018та година, но со една голема и суштинка исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018та година, рече тој.

Напомена  дека со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27ми април, без исклучок.

- Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се надеваме дека мнозинството ќе го поддржи, прифати и ќе гласа за овој Предлог на закон бидејќи во спротивно, доколку не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив, селективноста е на прво место, владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде, истакна Мицевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk