РЕАКЦИИ ПО НАСИЛСТВОТО

ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој беше претепан Елвис Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува крвавиот инцидент и физичкиот напад врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам.

Нападнат е актуелен, а истовремено и кандидат за градоначалник. Нанесени му се тешки телесни повреди, со тупаници, боксирачи, метални прачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод вечерашниот напад на кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари.

„Ова претставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес. Имаме серија груби прекршувања на изборниот закон и инциденти на кој полицијата и институциите на Владата предводена од СДС молчат. Институциите покажуваат недостиг на капацитет и способност да ги расветлат ваквите настани, а органите под контрола на СДС се активно вклучени во нарушување на изборната атмосфера", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека сите овие инциденти се израз на нервозата во редовите на СДС и свесноста дека тој ќе доживее пораз.

„Кога не би биле нервозни и соочени со уште еден изборен пораз, не би се случувале груби нарушувања на изборниот процес. Има сериозни дамки врз изборниот процес. Пукање, физички пресметки, тешки телесни повреди, злоупотреба на полицијата во изборни цели, закани, притисоци, искршени штабови, партиски агитирања од членови на изборните комисии, тоа е само дел од сликата што СДС ја гради и доказ за нервозата поради поразот на 15 септември", нагласуваат од опозициската партија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари