logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Главниот непријател на меѓуетничките односи е криминалот на СДСМ и ДУИ

Vecer | 26.10.2021

ВМРО ДПМНЕ: Главниот непријател на меѓуетничките односи е криминалот на СДСМ и ДУИ

СДСМ и ДУИ се единствените кои сеат поделби помеѓу граѓаните и подгреваат конфликти. Кога ДУИ и СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт ќе има проблем со Албанците, тие всушност велат дека ќе има проблем со нивните криминални тендери.СДСМ и ДУИ не можат да прифатат дека нивното време поминува, и дека завршува времето на здружено ограбување на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и ДУИ единствено се плашат дека нема да можат да продолжат да крадат по 31 октомври, затоа е болката голема кај Заев. Ако Заев се грижеше за граѓаните немаше со Филипче да лупаат провизии на вакцини, немаше Шилегов да мести тендери за дупло поскап асфалт, противпожарни скали итн. Ако Заев се грижеше за граѓаните немаше да мести тендери. Заев само потпалува конфликти. Но тоа нема да го спаси, ниту со криминалот ќе може да продолжи, ниту ќе избега од одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk