logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Фати си врски, прими си вакцина

Vecer | 14.06.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Фати си врски, прими си вакцина

Замислете, Филипче направи да се фаќаат врски за да се прими вакцина. Филипче ги излажа граѓаните, не им објасни дека треба еднаш да се пријават за вакцина на електронскиот систем, бидејќи доколку се пријават повеќе пати или ако се пријавиле во мај прашање е дали ќе дојдат на ред во септември, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо редовно вакцинирање главни се врските во вакцинирањето, повторно има недостаток на вакцини, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Венко Филипче вели дека вакцинацијата тече според планот. За Венко Филипче има и масовна вакцинација. Но, реалноста е друга. Вакцини нема, има ревакцинација. Може да се најде и по некоја вакцина, ама само ако фатите врски. Замислете, Филипче направи да се фаќаат врски за да се прими вакцина. Филипче ги излажа граѓаните, не им објасни дека треба еднаш да се пријават за вакцина на електронскиот систем, бидејќи доколку се пријават повеќе пати или ако се пријавиле во мај прашање е дали ќе дојдат на ред во септември. И наместо стивнувањето на корона вирусот да се искористи за подготовка или да се спречи или барем да има евентуално поблаг четврти бран на корона на есен, Филипче не прави ништо. А, ова може да го постигне многу едноставно, да набави вакцини, граѓаните да стекнат имунитет до есен. Ама набавка на вакцини нема, вакцинација нема, има ревакцинација. Филипче заборави на провизиите, набави вакцини и заштити ги граѓаните“, истакна партијата на Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk