ВМРО-ДПМНЕ: Дури 33 од 57-те советници на Заев седат дома и земаат плата

Додека 460 илјади граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, Заев повторно вработува нов советник во владата, а за иронијата да биде поголема тој ќе го советува за социјални прашања. 22 отсто од граѓаните живеат со по еден оброк дневно, а Заев парите на граѓаните ги троши за исплата на своите партиски послушници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури 33 од 57-те советници на Заев не доаѓаат на работа, односно седат дома и земаат плата. Ниту армијата од советници не успеа да ја спаси Македонија од елементарната непогода олицетворена во криминалниот картел на чие чело е Зоран Заев. Македонија тоне на секое поле, a Љубе Бошковски не успеа да привлече ниту една странска инвестиција. Ленче Николовска не успеа да ја зголеми откупната цена на јаболката во ресенско од 1 денар за два килограми, а земјоделците наместо да го продадат во знак на протест по автопатите го фрлаа својот род“, велат од опозициската партија.

Од таму обвинуваат дека Марјан Забрчанец наместо да ја зголеми транспарентност на Владата, се бави со лаги и манипулации на граѓаните и покривање на киксовите на власта.

„Ниту Александар Обрадовиќ заедно со неговите српски мешетари не успеа да ја спаси македонската економија од колапс. Цветанка Ласкова единствено беше успешна во обезбедувањето над 300.000 евра за нејзината снаа. Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев? Резултатот го гледаме. Најслаба економија во регионот и Европа, криминални тендери, континуирано ограбување на народот, енормно задолжување на државата и комплетен крах на капиталните инвестиции. Овие резултати се достојно достигнување само за некое мафијашко здружение. Овие резултати се срам за која било влада. Ваквото расипничко трошење на парите на граѓаните мора да запре! Аболицираниот Зоран Заев и криминалниот картел околу него мора да си заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари