logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Шилегов ќе се рекламираат со државни пари, Љупчо Николовски молчи

Vecer | 22.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Шилегов ќе се рекламираат со државни пари, Љупчо Николовски молчи

Петре Шилегов и Зоран Заев трошат 130.000 евра од парите на граѓаните на Град Скопје за да се рекламираат преку маркетинг агенција.

Шилегов и Заев ќе плаќаат медиуми за промотивни пишувања и реклами, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Заев беше во опозиција рекламирањето на државата беше корупција, а сега истиот корумпира медиуми на големо. Заев кога дојде на власт кажа дека никогаш нема да се трошат државни пари за реклами на владата и институциите. Заев излажа. Љупчо Николовски молчи за како што самиот Заев рече корумпирањето на медиуми од оваа власт. Љупчо Николовски е безгласна буква и извршува функција само заради плата, без суштински да се бори против корупцијата. Љупчо Николовски треба веднаш да му забрани на Шилегов и Заев да го спроведат огласот, истакнуваат од опозицијата.

Доколку Николовски го премолчи ова само ќе потврди дека вицепремиерското место му е само за земање плата, додаваат од таму.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk