ВМРО-ДПМНЕ: До каде е истрагата за двајцата владини функционери фатени во корупција?

„СДСМ може да лаже, но не може да ја излаже јавноста. Селективноста на правдата кога се работи за функционерите на СДСМ се гледа на секој чекор. Почнувајќи од случаите за корупција за кои е осомничен Зоран Заев, па се до набавката на возила во МВР. Очигледно дека СДСМ си ја има мувата на капата, па на пресот упатен до Јавното обвинителство, тие се најдоа повикани да одговорат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изјавата на Александар Нацев.

Според партијата, кога веќе трошеле зборови во празни и безлични соопштенија требало да одговорат до каде е истрагата со двајцата владини функционери фатени во корупција, обзнането лично од Зоран Заев пред 5 месеци? „Од каде кај соработникот на Оливер Спасовски информации за посебните истражни мерки? Кој му ги дал? Дали и кога ќе се покрене обвинение за скандалозната набавка на возила во МВР каде без тендер се доделиле милион евра на фирма од Куманово која е партиски донатор на СДСМ, за што впрочем пишуваа медиумите? Ова се очигледни скандали за кои СДСМ молчи, а институциите кои тие ги претворија во партиска маша се прават дека не ги гледаат“, велат од опозициската партија.

Од партијата додаваат дека криминалот и корупцијата стануваат заштитен знак на оваа власт. Тоа го гледаат и граѓаните, но тоа го нотираат и на листата на Транспаренси Интернешнл. Ова се дела кои не застаруваат и за кои многу скоро некој ќе сноси одговорност, како политичка, така и кривична.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари