logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мијалков за два месеци ќе биде на слобода? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков?

Vecer | 27.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мијалков за два месеци ќе биде на слобода? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков?

Зоран Заев не спроведува правда. Зоран Заев се пазари. Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков? Откако јавноста притисна и имаше жестока реакција за пад на владата, Заев се спаси со договорот со Мијалков, но не за долго, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Договорот кој требаше да значи бегство сега е заменет со договор за слобода за два месеци? Дали Заев мисли дека граѓаните ќе му ја проголтаат оваа лага? Привидниот мир кој сега го купува ќе дојде за плаќање за два месеци, а што тогаш? Со Заев не е можна правда. Со Заев имаме само неправда. Ќе има смена на Заев, а тогаш ќе дојде правда за сите, истакнуваат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk