logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорката на детската градинка и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце?

Vecer | 24.11.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорката на детската градинка и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце?

Дали директорката на детската градинка Цветови и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце? Или политички се принудени да глумат како да не виделе ништо? Одговорност за брутално истепаното бебе мора да има. Одговорноста е кај Тренчевска која му ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Гевгелија и и го продолжи мандатот на директорката Стефановска на која ова не и е прв случај на насилство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги повикуваме Тренчевска и Стефановска уште еднаш да ги видат фотографиите пред следен пат да пуштаат соопштенија дека се работи за детска игра. За овој случај мора да има одговорност и оставки, а не комисии од типот на комисиите на Филипче за Јилдиз, за Ковид трагедиите кои немаа никаква разрешница.

Немањето на одговорност и покрај тоа што признаваат дека се случил таков инцидент предизвикува во иднина да продолжат таквите инциденти и немили настани“, се наведува во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk