ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагичен настан, обвинува власта

Крајно несериозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагичен настан, кумува на пласирањето неточни информации, невистини и подгрева тензии меѓу граѓаните. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема свест и совест во врвот на опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со ширењето лаги и оваа срамна злоупотреба на трагичен настан, соопшти СДСМ.

Според партијата, ништо не се крие, туку напротив, јавноста уште во првиот ден од трагичниот чин е запознаена со сите детали за преземените мерки од институциите и сите информации за случајот се јавно достапни.

„Министерството за внатрешни работи за еден ден ги пронајде осомничените за стореното кривично дело. Случајот како и преквалификација на делото сега се кај надлежната институција – Обвинителство. Како одговорна партија уште еднаш повикуваме на смиренсот кај сите граѓани. Повикуваме да не се подлегнува на лажните вести и дезинформациите коишто се шират. Институцииите постапуваат во согласност со нивната законска надлежност. Низ законска и институционална постапка виновниците за овој чин мора да се соочат со одговорност согласно законите на Република Македонија“, се додава во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари