ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по скандалот со малолетничките во Домот „25 Мај“.

„Министерството за труд и социјална политика, предводено од Мила Царовска освен што покажа дека е целосно неспособно и неодговорно во случајот со штитеничките од домот 25 мај, сега бесрамно се обидува да ја убеди јавноста дека малолетните девојчиња сами се виновни за тоа што им се случило. Имено скандалот да биде поголем, вчера, од МТСП изјавија дека во Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“, нема злоставување или сексуална експлоатација туку штитеничките своеволно забремениле“, изјави Јована Мирческа.

Најпрвин, рече таа, се откри дека 13-годишно девојче кое било сексуално злоставувано, останало бремено, а потоа и абортирало, а по неколку дена се обелодени дека во овој дом уште две малолетни девојчиња забремениле.

„Царовска треба веднаш да поднесе неотповиклива оставка од морални и политички причини. Се работи за физичкото и психичкото здравје на децата штитеници на установата која презела обврска да се грижи за нивното воспитувањето и здравје, институција во ресорот на Мила Царовска. Ова покажува дека системот за социјална грижа во државата е доведен во прашање како резултат на неодговорноста, негрижата и неработењето на раководните кадри именувани од СДСМ“, рече Мирческа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари