ВМРО-ДПМНЕ бара денеска да се расправа за предлог законот за амнестија

ВМРО-ДПМНЕ побара предлог закон за амнестија на лицата осудени и осимничени за 27 април да се стави на дневен ред на денешна седница во Собранието.

„Пред неколку дена го доставивме, а пракса е и обврска да биде на наредна пленарна седница. Ако навистина се рабооти на помирување, колегите да го поддржат предлогот, бараме денес овој предлог закон да се стави на дневен ред“, рече координаторот на пратеничлката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Предлогот не беше прифатен. Прва точка на дневен ред беше предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари