logo
logo
logo

Пренџов

„Власта планира ДА НЕ ЗАДОЛЖИ НОВИ 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА со буџетот од 2023“

Vecer | 25.11.2022

„Власта планира ДА НЕ ЗАДОЛЖИ НОВИ 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА со буџетот од 2023“

а Денес е втор ден од расправата за Буџетот за 2023та година. Ова е веќе 6-ти предлог Буџет на Коалицијата ДУИ и СДСМ, а економијата се движи од лошо полошо. Она што сакам да го истакнам на денешната прес конференција е движењето на јавниот долг, вели пратеникот од коалицијата „За обнова на Македонија„ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека кога Зоран Заев стана премиер, на 1 јуни 2017 година, јавниот долг изнесуваше 4,7 милијарди евра, а денес ако овој предлог Буџет се изгласа, јавниот долг на крајот на годината ќе биде повеќе од 8,5 милијарди евра или речиси двојно ќе биде зголемен.

- СДСМ лаже кога вели дека јавниот долг е висок поради долгови од минатото. Да беше така јавниот долг немаше да биде променет. Реалната слика е дека СДСМ во овој мандат ја задолжи Македонија колку сите влади заедно од независноста до денес. СДСМ и ДУИ ја водат државата како коцкар кој зема брзи кредити. Не им е гајле за иднината на државата и дали за година или две ќе дојдеме до грчко сценарио. Без никаков срам се фалат со парите земени од ММФ за кои освен ние, аплицирале Панама и Мароко. Ќе речат дека заемот од ММФ е голем исчекор, затоа што еврообврзницата ќе била скапа. Висока ќе е каматната стапка на еврообврзница се додека СДСМ и ДУИ кројат Буџети како овој за 2023 година, и се додека имаме влада која нема никаква економска политика и стратегија, рече Пренџов.

Истакна дека со Буџетот за 2023 година власта планира да не задолжи за дополнителни 1,5 милијарда евра во текот на идната година.

Влегуваме во вртлог од кој многу тешко ќе излеземе. Не е неважна тема висината на јавниот долг, затоа што тоа е долг на сите нас. Тоа е долг кој што го оставаме и на нашите деца и внуци. Неговиот драстичен раст во овие пет години ќе го почувствуваме за некој месец од сега преку прогресивниот данок со стапка 80% повисока од основната, преку 50% повисокиот данок за приходи од кирии, капитални добивки, преку данокот на штедни депозити во услови кога парите губат вредност поради инфлација, ќе плаќаме повисок ДДВ за струја во 2023та година, според одредени најави се очекува да плаќаме ДДВ од 18% за бројни производи кои сега ги плаќаме со стапка од 5%, ќе плаќаат фирмите повеќе данок на добивка поради пошироката даночна основа итн, итн, рече тој.

Додаде дека Македонија се наоѓа во тешка економска криза, за жал, доаѓаат тешки денови за македонската економија и животниот стандард на сите нас. СДСМ и ДУИ ја носат државата кон бездна и тие се клучниот проблем.

Потребни се промени кои треба да се случат со гласот на граѓаните. Граѓаните се тие коишто на предвремени парламентарни избори во текот на 2023та година треба да изберат дали сакаат расипништво, повисоки даноци, купи ден продај политики или сакаат рационализација на трошењето, даночна политика со која најпродуктивните не се казнуваат, државни политики и стратегии кои се спроведуваат на дело и носат раст и развој, изјави Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk