logo
logo
logo

Милошоски: Власта направи бламажа со вакцините, ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА

Vecer | 12.02.2021

Милошоски: Власта направи бламажа со вакцините, ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА

Неспособноста на владата да набави макар една единствена вакцина, неспособноста и донираните вакцини да ги преземе е еднакво на една голема бламажа во која што премиерот Заев служи за регионален потсмев, но за жал тој потсмев се однесува на целата држава, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

Милошоски истакна дека за да биде ситуацијата трагична треба да се знае дека ваквата неспремност на владата, луѓето ја плаќаат со животи или здравствени проблеми.

- Филипче во Софија се сликаше со министерот за здравство и кажа дека од секоја пратка на вакцини во Бугарија, Македонија ќе добие еден дел. Досега од Софија имаме примено нула вакцини. Филипче кажа дека ќе добиваме и од Грција и од Полска и Австрија, и од овие земји имаме нула вакцини. Заев даде изјава дека уплатиле аванс за да добиеме 830.000 вакцини, прашањето е кому уплатиле, колку изнесува и зошто имаме нула вакцини? Дали лажел Филипче, дали лажел Заев?, прашува Милошоски.

Милошоски доаде дека и  Пендаровски кажа дека сме мал пазар и не ни даваат вакцини, иако но мали пазари се и Малта, Исланд кој не е членка на ЕУ, а најбизарно како што рече е навредлива е изјавата на Шекеринска која изјави дека можеле да набават вакцини, но не сакале да се направи брзо за да не испаднело дека прават експерименти со народот.

- Тоа значи дека во меѓувреме кога можеле да набават вакцини, во Македонија починале 5, 10 или 120 луѓе, ако сме набавеле вакцини во декември, можеби ќе сме спаселе животи. Македонија освен што стана предмет на бламажа за неуспешност за добивање на вакцини, оваа неспособност ја плаќа со големи човечки животи и економски крах. По број на смртност Македонија е седмо место во Европа на милион жители. Во најмала рака доколку има грижа на совест, министерот Филипче треба да си поднесе оставка, нагласи Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk