logo
logo
logo

Владиката Агатангел со КАРТА ОД ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА му одговори на Каракачанов (ФОТО)

Vecer | 10.03.2021

Владиката Агатангел со КАРТА ОД ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА му одговори на Каракачанов (ФОТО)

Владиката Митрополит Повардарски Агатангел во неговото гостување во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија со карта од „Обединета Македонија“ одговори на провокациите на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов

- Бидејќи господинот Каракачанов ја покажа картата на Сан Стефанска Бугарија, јас ќе му ја покажам јас ќе му ја покажам картата на цела Македонија, нека видат и нашите млади поколенија колкава била нашата земја македонска и нека се гордеат со тоа, вели владиката Агатангел.

Тој објасни дека од оваа карта некои се плашат, но ние како Македонци треба да сме горди и не треба да се плашиме од никого, затоа што не сме украле од никого, ниту пак сме однеле некого во логори, а тие што ја поделија Македонија тие нека му ја мислат.

- Нон стоп напади и за црквата и за јазикот и за нацијата, тие се плашат од оваа мала картичка, а ако им ја покажеме целата карта, ова постои уште затоа што таму сеуште постојат Македонци, вели Агатангел.

Како Македонци ние многу пати се посрамотивме од промена на името, со договорите, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, територијалната поделба, сега договорот со Бугарија, што не преживеавме само во овие десет години, а сеуште сме тука и опетојуваме, така и ќе биде, порача Владиката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk