logo
logo
logo

Момироски

„Владата за да ги сокрие своите криминали, неистомислениците ги нарекува антидржавни елементи“

Vecer | 25.11.2021

„Владата за да ги сокрие своите криминали, неистомислениците ги нарекува антидржавни елементи“

„Не сме ние сега антидржавни елементи и криминалци, за антидржавни елементи не прогласи лани во јануари Богданка Кузеска тогаш зборам за Алфа телевизија и екипата на Алфа телевизија, но и сите ние нели. На официјална прес конференција на владејачката партија внимавајте пред 20 месеци ние бевме прогласени за антидржавни елементи без никакви докази, без никакви аргументи на прес конференција излезе Богданка Кузеска и кажа дека ние сме антидржавни елементи“, истакна Горан Момировски во емисијата на Инфомакс.

Момировски додаде дека тоа укажува дека оваа ситуација сега е подготвувана подолго време со што му се чини дека планот малку им се измести со катастрофалниот пораз на изборите на СДСМ.

„Тие сакаа ми се чини дека во периодот пред нас до редовните парламентарни избори да не елиминираат како релевантни извори кога зборуваме за корупција, за криминал, за непотизам, за разни видови криминал во Владата“, нагласи Момировски.

Тој во текот на емисијата дури посочи дека народот не можат да го излажат, бројката што ја следи во живо емисијата на Инфомакс е доволен показател како ја гледаат емисијата со цел да ја дознаат вистината за криминалот на Владата.

„Паниката која што владее кај нив е заради тоа што вие во 21 век да осудите новинар кој што објавил факти и аргументи за кои што нема ниту еден демант, внимавајте ова е многу важен момент, нема демант за тоа што е објавено во емисијата. Нема дури ни барање за извинување, немате никаква реакција од ниту една институција или личности, бидејќи во емисијата има луѓе со имиња и презимиња, никој не реагирал. И по девет месеци некој седнал и напишал кривична пријава со повеќе дела“, рече Момировски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk