logo
logo
logo

Градоначалникот на Сарај

„Владата ПОВЕЌЕ СЕ ФАЛИ ОТКОЛКУ ШТО РАБОТИ, Груби да преземе одговорност за нереализираното“

Vecer | 06.12.2022

„Владата ПОВЕЌЕ СЕ ФАЛИ ОТКОЛКУ ШТО РАБОТИ, Груби да преземе одговорност за нереализираното“

Министрите повеќе се фалат отколку што работат, ова го смета Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај и организациски секретар на ДУИ.

Според него тие не работат доволно за реализација на програмата на ДУИ.

Беџети смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, како што се фали за реализираните проекти, така треба да преземе одговорност и за нереализираните проекти.

„Оваа Влада повеќе се фали отколку што работи. Потребно е повеќе да се насочат кон реализација на проекти за доброто на граѓаните. Затоа ние го кренавме гласот, сакаме да вршиме притисок кон Владата за да се реализираат проектите, затоа што се ближат избори, а на избори со нереализирани проекти граѓаните може и да не ве гласаат“, изјави Беџети кој е дел од т.н. „огнена група“ за „Клик плус“ на ТВ21.

Беџети смета дека нема потреба Алијанса за Албанците да биде дел од Владата.

„Апсолутно нема потреба Алијанса за Албанците да биде дел од Владата. Јас сметам дека влезот на АА во Влада не е потребен, не е политички момент. Тие изгубија на избори, тогаш зошто би биле дел од Влада. Ако некој мисли дека е потребно Алијанса да биде дел од Владата поради уставните измени, сметам дека сите албански партии ќе гласаат за уставните измени. Не знам дали Али Ахмети преговара со Алијанса за Албанците. Не е добро за демократијата да се случи тоа“, вели Беџети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk