logo
logo
logo

Владата одржа седница ама НЕ СООПШТИ ЗА ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ на бугарски европратеник во Македонија

Vecer | 24.01.2023

Владата одржа седница ама НЕ СООПШТИ ЗА ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ на бугарски европратеник во Македонија

Владата не соопшти дека донела одлука да забрани влез на бугарски европратеник и други лица од Бугарија, на барање на претседателот Стево Пендаровски по вчерашната средба на Советот за безбедност.

Пендаровски вчера по седницата на Советот за безбедност изјави дека според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик.

„На овој ден, како што истакна претседателот на државата, организирани структури во Бугарија се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање во Скопје на повеќе лица, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон  Македонија.“, рече тој.

Поради тоа, додаде дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

Пендаровски не го спомен со име и презиме но за јавноста е јасно дека станува збор за европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски, е познат по националистичката и навредлива реторика кон  Македонија и македонскиот народ.

Сепак владата денеска иако донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, не соопшти дека донела и таква забрана.

- Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност. Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, стои во соопштението на владата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk