logo
logo
logo

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Од утре Македонија две недели со полициски час од 22 до 5 часот наутро

Vecer | 09.03.2021

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Од утре Македонија две недели со полициски час од 22 до 5 часот наутро

Владата донесе одлука да се воведе полициски час, потврдија за МИА од владината прес-служба. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.

Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани.

– Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а во Скопје секојдневно има се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники, изјави Филипче.

Денеска, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан дали полицискиот час ќе ги даде очекуваните резултати, рече дека иако рестриктивните мерки не се популарни, сепак се неопходни за да се сочува јавното здравје.

– Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави Спасовски.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk