logo
logo
logo

„Владата на Ковачевски направи КАТАСТРОФА ВО СЕКОЕ СЕЛО И ОПШТИНА“

Vecer | 28.05.2023

„Владата на Ковачевски направи КАТАСТРОФА ВО СЕКОЕ СЕЛО И ОПШТИНА“

Тука сме во Ѓопчели во Дојран да имаме средби со граѓаните, да дискутираме и зборуваме. Тука е повеќе турско население а претходно бевме во село Фурка каде е повеќе македонско население, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемите се исти, проблемите ги тиштат граѓаните буквално секој ден затоа што оваа Влада на Димитар Ковачевски направи катастрофа низ цела Македонија во секое село и општина. Тука сме да ја најавиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека тука се за да се врати надежта во Македонија.

„Одиме од село до село и од човек до човек затоа што ова е Македонија затоа што сме силно мотивирани и затоа што треба да дојде подобар ден и подобро утре во Македонија“, посочи Ѓорчев.

https://youtu.be/lX5cFbQc7Ac

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk