logo
logo
logo

Исто, но одложено

Владата ќе се консултира пред ДА ГО ПРИФАТИ ФРАНЦУСКО БУГАРСКИОТ УЛТИМАТУМ

Vecer | 30.06.2022

Владата ќе се консултира пред ДА ГО ПРИФАТИ ФРАНЦУСКО БУГАРСКИОТ УЛТИМАТУМ

Македонската влада соопшти дека примила предлог од Франција за надминување на бугарската блокада. Францускиот претседател Емануел Макрон од Мадрид порача дека е најден „компромис“.

Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.

Макрон не соопшти детали околу можниот компромис, но можно е тој да не опфаќа експресно решение, туку начин и македонската страна да се изјасни за договореното преку консултации и во Собранието во Скопје.

Во таа насока говори и соопштението од Владата во Скопје објавено попладнево во кое се наведува дека „пристигнал предлог со идеи“ од француското претседателство со ЕУ.

Основа за консултации

„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата“, соопштуваат од владата.

Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи.

Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ.

Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка. Во нив се регулира темпото на работа на Мешовитата комисија за историски прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски во средата од собраниска говорница порача дека нема да дозволи историските прашања „да бидат критериуми за преговарачка рамка и преговорите на Северна Македонија со ЕУ“.

Кој притиска, освен Бугарија

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вели дека францускиот предлог е најблиску до шансата Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. На иста линија е и шефицата на германската дипломатија Бербок.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел преку Твитер порача дека францускиот предлог за надминување на бугарската блокада на Северна Македонија во ЕУ ги адресира грижите на Скопје и на Софија.

„Го поздравувам решението на француското претседателство за договор кој ќе го отвори патот за почеток на пристапни преговори со ЕУ на Северна Македонија. Решението ги адресира изнесени забелешки. Поблиску сме од било кога: сега е време да се каже да.“

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на иста линија дека „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог. „Искористувањето на оваа можност е од огромен стратешки интерес за ЕУ и за Северна Македонија. Сега е време да тргнеме напред“, напиша Бербок на Твитер.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ.

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.

Владата во Скопје соопшти дека „пристигнал предлог со идеи“ од француското претседателство со ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk