logo
logo
logo

Владата ЌЕ И ГИ ПОДАРИ НА УКРАИНА македонските хеликоптери

Vecer | 18.03.2023

Владата ЌЕ И ГИ ПОДАРИ НА УКРАИНА македонските хеликоптери

Македонија е пред одлука да и донира хеликоптери на Украина, која побарала ваква помош од земјава во борбата против Русија, Неофицијално, “ќе се ослободуваме“ од 12-те армиски хеликоптери „ми-24“.

Ова може да се заклучи од одговорот на Министерството за одбрана откако министерката Славјанка Петровска во телевизиски настап откри дека на владина седница на 14 март била донесена одлука за нова донација за украинската армија.

Податокот за последната одлука е класифициран, но според одговорот, донацијата на хеликоптери ќе биде дел од следна одлука за уште една донација што се очекува наскоро.

„Одлуката од вторникот за воена помош на Украина е податок кој е класифициран. Ве информираме дека во согласност со побарувањата од украинска страна, во тек е изработка на анализа дали може да се одговори позитивно на нивното барање за донација на хеликоптери. При оваа анализа се земаат предвид плановите наведени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, според кој се предвидува набавка на нови повеќенаменски хеликоптери кои треба да ги заменат постоечките. Согласно планот за модернизација на Армијата, работи Интегриран проектен тим кој е во фаза на евалуација на понуди од различни производители, за набавка на повеќенаменски хеликоптери за потребите на Армијата, но и за цивилна заштита и спасување“, стои во одговорот на Министерството.

Од друга страна се очекува и одлука за тоа какви и колку нови хеликоптери на западна платформа ќе бидат набавени за потребите на нашата армија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk