logo
logo
logo

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ПАУНОВСКИ откако покажа ПРКОС

Vecer | 27.04.2021

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ПАУНОВСКИ откако покажа ПРКОС

Владата го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, кој му пркосеше на премиерот Зоран Заев за 35-те рамковни вработени.

Пауновски изјави дека само 12 од нив ги исполнуваат условите и дека нема намера да ги прими сите 35, дури и по цена да биде разрешен.

Премиерот Зоран Заев рече дека ќе побара разрешување и затоа што Пауновски пркосел, а владата потоа се објаснуваше дека Пауновски не почитувал донесени одлуки.

На одлуката се спротивставија инспекторите кои побараа Пауновски да не биде разрешен, но залудно.

Владата денеска на седница донесе одлука да се разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, објави ТВ21.

Претходно премиерот Зоран Заев истакна дека на состанокот со инспекторите денеска ги слушнал аргументите, и истите ќе бидат презентирани во Владата, каде ќе се донесе одлука за Пауновски.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk