Владата го поддржа уредувачкиот колегиум на „Телма“

„Изразуваме поддршка за уредувачкиот колегиум на телевизија ‘Телма’. Цензурата е забранета со Уставот на Република Македонија“, се наведува денеска во краткото известување од кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, Роберт Поповски.

Инаку, пред неколку дена се појавија информации дека емисијата на новинарката Снежана Лупевска Созен, „Код“, што неодамна беше емитувана на телевизија „Телма“ била цензурирана. Лупевска Созен на својот фејсбук профил, објави статус во кој напиша дека се соочила со притисок кога била информирана дека новата епизода на „Код“ нема да биде објавена во целост.

Откако „Телма“ не го објави прилогот, Лупевска Созен одлучи да го објави на својот фејсбук профил без разлика на последиците што може да ги трпи за своето работно место.

„Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред сѐ човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете“, напиша Лупевска Созен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари