logo
logo
logo

Димовски:

Димовски: ВЛАДАТА ГИ ИЗИГРА ССМ И РАБОТНИЦИТЕ, а ВМРО-ДПМНЕ го поднесе нашиот амандман за да ни помогне

Vecer | 22.06.2022

Димовски: ВЛАДАТА ГИ ИЗИГРА ССМ И РАБОТНИЦИТЕ, а ВМРО-ДПМНЕ го поднесе нашиот амандман за да ни помогне

Од Владата не предвидоа пари во ребалансот на Буџетот и ние вчера директно го прашавме министерот Бесими зошто тоа не го направи. А, тој ни вели дека тоа ние не сме се договориле и тој немал еден вид меморандум хартија или спогодба на која што сме се договориле. Не треба тој тоа да го има, Законот за минимална плата вели во членот 8А со порастот на минимална плата треба да се усогласат и сите плати, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ во „Утрински Брифинг“.

- Ако веќе ја играме така играта на овој начин тогаш тој требал да си предвиди средства согласно Законот, без разлика дали ССМ се договорил со Владата или не. Но, тој добро знаеше дека ние сме договорени и во еден момент се ретерира, рече тој.

Димовски додаде дека Владата го изигра ССМ. И поради тоа ССМ бара народните избраници амандманот кој што е поднесен да се изгласа.

Протестот денес ќе биде со 120 празни столчиња, каде што тие ќе ги означуваат 120-те пратеници. И ќе бараме денеска јавно да дадат поддршка и да кажат да ние сме за работниците и ќе го изгласаме амандманот предложен од ССМ преку ВМРО-ДПМНЕ. Ние тој амандман го поднесовме до сите политички партии, а ВМРО-ДПМНЕ се охрабри и го прифати амандманот. ВМРО-ДПМНЕ ниту го смени амандманот што е многу фер. И истиот го поднесе до народните избраници онака како што ССМ го достави, рече Димовски.

Тој посочи дека и ССМ испрати писмо во кое што појаснува дека нема политика во амандманот. Туку во амандманот се бара од сите пратеници да се изгласа за доброто на работниците.

За жал амандманот не беше изгласан и ние на наша ФБ страна јавно ги објавивме имињата на пратениците кои што гласаа ЗА, а кои пак ПРОТИВ. Работникот ќе памти кој е заработникот, а кој го уназадуваше работникот и не му даваше повисока плата, рече Димовски.

Димовски рече дека ако штрајкот не  вроди со плод, тогаш ќе бара оставки од министрите.

Благодарност до градоначалничката на Град Скопје,  во петокот разговаравме со нејзе, таа нѐ сфати во барањата и во намерите и ги зголеми платите на вработените. Веќе тоа започна и во јавните претпријатија на Градот Скопје да се работи. Еве пред емисија ми се јавија од Водовод и Канализација Скопје, го постигнале тоа линеарно зголемување од 2.806 денари. Вчера и во Дрисла се покачи платата. Во ЈСП се покачи платата минатата недела. Значи  разговорот  со градоначалничката вроди со плод, истакна  Димовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk