logo
logo
logo

Владата ги определи вицепремиерите и нивните должности

Vecer | 17.01.2022

Владата ги определи вицепремиерите и нивните должности

Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните. На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Македонија, и тоа: • д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија; • м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење; • Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции; • м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања; • д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk