„Присуството на 10 Албанци во новата Влада на Македонија е речиси револуција. Застапеноста од 50 отсто на Албанците во Владата има врска со политички баланси, со парламентарна аритметика како и со длабоките несогласувања кај главните македонски партии. Но, тоа е и иницијатива ‘прекумерно’ да се надомести, поради големите проблеми кои македонскиот шовинизам им ги предизвика на Албанците во минатото.“ – вели новинарот Хакан Албајрак од Анкара од Турција, во својата колумна со наслов „Албанска стихија во македонската Влада“, која ја објавија информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик.

Албајрак пишува: „Кога ја видов за првпат листата на министри не им верував на очите: од 20 членови на владиниот кабинет 10 имиња на Албанци. Дали од 20-те министри, вклучително и вицепремиерите, во новата коалициска влада на с.Македонија, навистина беше можно половината да се Албанци? Иако тоа беше официјална информација распространета низ целиот свет, морав да побарам еден мој пријател – Албанец во Скопје да прашам. Тој ми потврди, чувствувајќи се многу среќен, но и малку напнат македонските националисти да не поттикнат етнички немири. Тој истакна дека ‘недостасува турски министер’ (традицијата да им се остава на Турците едно министерство беше нарушена во 2020 година).“

„Во новата Влада има министри кои, покрај Албанците, можат достојно да ги претставуваат и другите муслимани во с.Македонија (Турци, Бошњаци, Роми итн.), како што е теологот и политиколог Џемаил Чупи. Вклучувањето 8 албански министри во претходната влада беше рекорд. Десет албански министри во новата Влада, каде што бројот на министри се намали од 26 на 20, е над рекордот. Тоа е речиси револуција.“

„Според коалицискиот протокол, премиерот (претседател на СДСМ) Дмитар Ковачевски во последните 100 дена од владиниот мандат ќе му ја препушти премиерската функција на пратеник од ДУИ. Вака ќе се реализира слоганот на ДУИ во текот на изборната кампања во 2020 година за ‘прв албански премиер“.

„Застапеноста од 50 проценти на Албанците во Владата, кои официјално сочинуваат 25,2 отсто од населението на с.Македонија, додека според некои неофицијални проценки сочинуваат 30-35%, секако има врска со политички баланси, со парламентарна аритметика како и со длабоките несогласувања кај главните македонски партии.“

„Сепак, јас сум склон да ја ‘читам’ оваа ситуација како иницијатива ‘прекумерно’ да се надомести, поради големите проблеми кои македонскиот шовинизам им ги предизвика на Албанците во минатото – како и во секое друго прашање, вклучувајќи го и политичкото претставување – но и да им се засили на Албанците чувството на припадноста кон Република с.Македонија.“ – заклучува Хакан Албајрак во својата колумна.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење