Висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал со Заев?

Висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал со Заев минатата недела и разговарал за "спуштање на топката" меѓу двете најголеми партии, брифираат извори блиски на владеачки структури.

На средбата било разговарано за повеќе аспекти на политичките односи односно на гостинот од СДСМ му биле понудени неколку компромиси кои што може да ги направи владеачката коалиција со крајна цел опозицијата да гласа за уставните измени.

Според изворите на expres.mk високиот претставникот на опозицијата на средбата дошол во лично име, а не како овластен од партијата и ветил дека ќе го искористи своето влијание во партијата за да се смират страстите меѓу партиите за Македонија да тргне напред.

Средбата се случила минатата недела пред состаноците на највисоките тела на ВМРО-ДПМНЕ но од членот на опозицијата од тогаш не е добиена повратна информација до СДСМ.

Најверојатно обидот на високиот претставник на опозицијата пропаднал и таа ги одбила сите предлози на власта со цел промена на уставот, анализираат изворите кои наведуваат дека конкретни информации за целиот процес има само највисокото партиско раководство.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија предлози кои што преку еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ наводно ги нуди премиерот Заев за да помине Преспанскиот договор.

👉 Голема коалиција
👉 100+ Пржинска Влада
👉 Фазно менување на Устав
👉 Амнестија за дела неповрзани со финансов криминал
👉 Парламентарни|Претседателски избори во мај 2019

Сите наведени предлози вклучително и амнестија, според истите извори, се веднаш отфрлени од  лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари