logo
logo
logo

Винегин: Бугарија НЕМА ОСНОВА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО

Vecer | 26.05.2022

Винегин: Бугарија НЕМА ОСНОВА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО

Прашањето за Северна Македонија се претвори во предмет на политичка злоупотреба од секаков вид. За Бугарија има стратешко решение, треба да се бараат  можните решенија, а не да трупаат политички придобивки. Наша задача како држава не е да ставаме вето, да ја попречуваме РС Македонија, туку да ги реализираме нашите цели – прават на Бугарите во Република Северна Македонија, заедничката историја, јазикот на омразата. Немаме ниту една основа за да го кренеме ветото за Република Северна Македонија, изјави потпретседателот на бугарското Собрание, Кристијан Вигенин за БНТ.

Според него нема причина да се тргне ветото.

Истовремено тој ја поддржа идејата на Кирил Петков за свикување на нов Консултативен совет за национална безбедност за Македонија и тоа го посочи како неопходно, бидејќи прашањето е „доволно контроверзно“ и само претседателот на Бугарија, Румен Радев може да ги собере сите партии на една маса за да разговараат за него.

Според Вигенин, заклучоците на Советот потоа би можеле да бидат поддржани со одлука на Собранието или Владата на Бугарија.

„Да видиме дали имаме нешто конструктивно и позитивно со што можеме да излеземе и што ќе го гарантира нашиот долгорочен интерес како држава“, рече тој.

Запрашан дали бугарското Собрание би требало да донесе нова декларација во врска „со прашањето за Република Северна Македонија“, Вигенин вели дека не знае дали е време за нешто такво, во услови кога нема нов момент во однос на темата.

Тој сепак смета дека е неприфатлив ставот на премиерот на Бугарија, Кирил Петков да се свика ново заседание на Советот само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите, бидејќи не може само „да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи“.

Вигенин уште додаде дека помалку треба да ги интересира што очекуваат Брисел и Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk