ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Вилата на МПЦ на Плаошник им се враќа на сопствениците

Вилата Лепа на Плаошник, во која е сместена резиденцијата на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, наскоро би можела да им биде вратена на сопствениците, најави регионалната Комисија за денационализација.

Атрактивната вила која е едно од најубавите зданија во стариот дел на Охрид, ја побаруваат повеќе наследниците на познатиот охридски адвокат Демостен Манев.

Вилата Лепа по национализацијата пред повеќе децении и била отстапена на Дебарско-кичевската епархија. Во неа досега живееле тројца владики: Методиј, Ангелариј и Тимотеј под чие раководство епархијата во 80-те години од минатиот век комплетно ја реновирала резиденцијата.

Според Комисијата за денационализација, имотот на кој е изградена вилата Лепа е државен и не постои пречка тој да биде вратен на сопствениците.

Поврзани

Најнови вести

Коментари