logo
logo
logo

Викендов јубилеен петти пат се одржува манифестацијата „Охрид трчаТ“

Vecer | 04.06.2021

Викендов јубилеен петти пат се одржува манифестацијата „Охрид трчаТ“


Викендов, на градските улици во Охрид, по јубилеен петти пат ќе се одржи Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“.

Се известуваат граѓаните, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај, кој на сила ќе биде в недела (6 јуни) од 7:30 до 11 часот.

„ Охрид е Охрид трчаТ и Охрид трчаТ е Охрид, со таа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид.

Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата“ велат од организаторите на настанот.

Атлетската манифестација е в недела претпладне, а поканата е отворена за сите на утрешното ЕКСПО, каде тркачите ќе ги подигнуваат стартните пакети и за самиот настан.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk