Викендов 43 сообраќајни несреќи во Скопје

Во текот на изминатите три дена, на скопското подрачје се случиле 43 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 18 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 41 со лесни телесни повреди. 104 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 63 возачи бидејќи 31 го управувале возилото под дејство на алкохол 26 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници.

26 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 24 биле нерегистрирани и две технички неисправни. Исто така санкционирани се и осум возачи кои поминале на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца и двајца неправилно се престроиле. Во текот на изминатите денови издадени се 182 мандатни платни налози, додека исто така 110 возила се подигнати со “Пајак”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари