Викендов 24 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 24 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 10 сообраќајни незгоди со телесни повреди и 13 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 81 возач управувале возило со брзина поголема од дозволената, 13 возачи се санкционирани поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, а 34 возачи биле исклучени од сообраќајот бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Поради технички неисправни возила од сообраќајот исклучени се три возила и санкционирани се 23 возачи коишто, исто така, управувале нерегистрирани возила. Еден пешак е санкциониран бидејќи поминал коловоз надвор од пешачки премин, шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и по еден возач се санкционирани поради неправилно престројување и неправилно престигнување.

Во текот на изминатиот викенд издадени се 190 мандатни платни налози, додека 153 возила се подигнати со “пајак”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари