logo
logo
logo

(Видео) Стоилковски: Инспекторите да ја погледнат луксузната зграда на Петре Шилегов

Vecer | 17.09.2021

(Видео) Стоилковски: Инспекторите да ја погледнат луксузната зграда на Петре Шилегов

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска, во Општина Карпош ги повика инспекторите заедно да ја видат луксузната зграда на Петре Шилегов.

Oд име на опозициската партија Стоилковски поденесе барање за посета од страна на градежниот инспекторат на зградата со цел да ја утврди фактичката состојба за постоење документи за градење во рамките на ДУП и за градење без информативна табла задолжителна според Законот за градбата, на која треба да стои инвеститорот – кој е тој што гради, според кое одобрение и кога треба да заврши.

„Го понесов имотниот лист на Петре Шилегов, чие менување се изврши во саботата, на 4 септември, откако беше прозван. Тука стои дека правосилноста на одлуката за добивање на градежното земјиште е од 3.9.2021 година. Ова значи дека Шилегов не го поседувал земјиштето кога го добил она одобрение за наводна реконструкција на неговиот објект. Од комуналната инспекција нѐ известија дека комуналните редари редовно биле на терен, но не знам како ја утнале улицата ‘Петре Пирузе’ – адресата на градоначалникот во заминување Петре Шилегов“, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека се надева оти Петре Шилегов ќе биде доблестен да одговори кои се фирмите што работат на неговата семејна луксузна зграда и дали тие фирми можеби може да се доведат во релација со тендерите на Град Скопје, како и дали воопшто има направено финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk